Предмет
Секогаш кога ќе помислите на модна индустрија во
Македонија прва асоцијација Ви е Астибо. Бренд со
долга традиција како на македонскиот така и на
светскиот пазар. Синоним за успешна македонска
компанија, вистински амбасадор на Македонската
текстилна индустрија.
Задача
- Развој и хостирање на современа и модерна
корпоративна веб страна;
- Дизајн на каталог за колекција Пролет-Лето 2009 и
Есен-Зима 2009;
- Изработка на ТВ рекламни видеа за колекциите
Пролет-Лето 2009, Есен-Зима 2009 и Есен-Зима
2008.
The Solution
Посветивме огромно внимание во одбирањето и
обработката на фотографиите потребни за дизајнот
на каталозите. Дизајнот беше едноставен со
графички елементи кои ја симболизираат сезоната на
колекцијата. Финалниот изглед беше модерен и
современ и во исто време информираше во целост за
моделите од колекциите. Го подобривме
корпоративниот имиџ и преку новата веб страна која
нудеше хронолошки преглед и на останати колекции.
Навигацијата лесна со едноставен пристап кон
дизајнот. Акцентот ставен на моделите преку
внимателно одбраните фотографии.
Во 2009 год. за првпат Астибо доби нови и модерни
телевизиски и радио реклами, какви што овој бренд
заслужува.