Предмет
Спортскиот центар Борис Трајковски во целосно ново
светло. Со променет менаџмент и амбиција да се
постави како синоним за здрав и спортски начин на
живеење.
Задача
- Менување на корпоративниот изглед;
- Графички услуги;
- Изработка на ТВ реклами;
- 3D анимација и визуелизација на нови идни проекти во
склоп на спортскиот центар како што се:
Воден Парк "Wahooo!", пливачка арена, бокс
центар, лизгалиште, картинг центар и др.
Решение
Повеќе од две години спортскиот центар Борис
Трајковски го разубавуваме со нашите графички
решенија. Во секој агол од центарот може да се
пронајде дело излезено од нашето студио. Посебно не
радува фактот што благодарејќи на нашите 3Д
визуелизации, проектите што најпрво беа само идеја,
како реконструирањето на базенот, картинг центарот,
лизгалиштето и аква паркот се веќе реализирани или
се во тек на реализација. Во сите задачи што ни се
поставени како предизвик пред нас внесуваме многу
труд и време се со цел да допринесеме и ние во
етаблирање на спортскиот центар како единствено
место за спортување и здрав начин на живеење.