Предмет
Линеа претставува уште една штипска конфекција која
долго време успешно опстојува на странскиот и
домашниот пазар. Искуството во работењето и новите
модерни колекции бараа соодветна презентација
преку нови и модерни каталози.
Задача
- Ретуширање и фотографија;
- Графичко уредување и припрема за принт на
постери и каталози за колекција Есен- Зима 2010 и
Пролет-Лето 2012.
Решение
Концептот што го одбравме во креирање на овие
каталози беше едноставен. Посветивме големо
внимание уште на самиот почеток.
Бирање на соодветни модели, професионален
фотограф, сценографија за снимање и внимателно
одбирање на најдобрите фотографии. фокусот беше
поставен на соодветната колекција која ја носеа
прекрасните и легантни модели. Вниманието
посветено на деталите на изработка и
комбинирањето на модните додатоци ни дадоа
перфектна основа за графичкото уредување на
соодветните каталози.