Предмет
Уникатно место во центарот на градот. Не постои
поубаво место каде на едно место можете да си ги
исполните сите мали и големи желби за уредување на
Вашиот дом
Задача
- Дизајн програмирање и хостинг на нова уникатна
веб страна;
- Дизајн на рекламни и промотивни материјали,
принт огласи, каталози и брошури
Решение
Во процесот на развој на веб страната потребно
беше да ги запознаеме потенцијалните клиенти со
сите брендови кои можат да се најдат во
продажното место на RoyalHouse. Токму поради тоа
за сите нив се посвети еднакво внимание преку
содржинските страни. Анимација на фотографии од
производите, превземање на брошури и каталози,
новости се дел од функционалностите кои ги
имплементиравме во оваа веб страна. При креирање
на рекламните материјали најпрво внимававме преку
илустративни решенија да ги запознаеме клиентите
со колекциите на брендовите во RoyalHouse а во исто
време ги изработувавме задоволувајќи ги строгите
стандарди поставени од страна на истите.