Предмет
Министерството за внатрешни работи на Р.М. претста-
вува столб на борбата против криминалот во секоја
држава. Нашето министерство јасно покажува дека
секојдневно работи на елиминирање на
организираниот криминал и трговијата со луѓе. Во
исто време не заборава на навремено информирање
на граѓаните, државјани на Македoнија или странците
за остварувањето на своите граѓански права.
Задача
- Дизајн на принт огласи;
- Дизајн и графичко уредување на годишен извештај и
инфографика за кампањата:
"Борба против трговијата со луѓе",
- Дизајн на информативен леток и постер за корисни
информации за иселеници и странци при оствару-
вање на нивните права.
Решение
Во остварување на овие задачи се обидовме преку
графички илустрации да оформиме слика за
неможноста на жртвите на трговијата со луѓе, јасно
и гласно да зборуваат за своето ропство.
Во исто време целта ни беше да покажеме и дека
секој може да стане жртва на овој вид на
криминална појава, без исклучоци.
Преку инфографиката и извештајот ја прикажавме
успешноста на Министерството во сузбивање на овие
појави, веднаш потоа следеше и потврдата дека
Македонија се наоѓа во првата група на земји кои
целосно ги почитуваат стандардите за борбата со
трговијата со луѓе според глобалниот извештај на
Стејт департментот на САД.