Предмет
Фантастична нова идеја. За првпат во Македонија да се
доближи виното и гастрономијата кон читателите а со
тоа и да се подигне културата на живеењето.
Уметноста на готвењето, виното и винските региони,
фотографијата, фолклорот, поезијата, музиката
достапна до секој читател.
Задача
- Графичко уредување и припрема за принт на магазин
за вино и животен стил Wine Spirit.
Решение
Самата содржина на овој магазин бараше од нас и
правецот на дизајнот да го движиме во правец на
уметничко дело испечатено на стотина страни. Во
секоја страна посветувавме големо внимание, секоја
фотографија беше внимателно одбрана, секој текст
беше поставен така за да полесно допре до
читателот и го задржи подолго неговото внимание.
Горди сме што овој магазин читателите го чуваат во
своите библиотеки, бидејќи за нив претставува еден
вид на енциклопедија од која во секое време можат
да дознаат нешто повеќе за виното и животниот
стил.