Предмет
Во моментот когa се запознавме со Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност,
малку беа луѓето кои знаеја дека таква агенција и
воопшто постои. Млад и амбициозен тим кои нималку
не штедеше на своето време посветено на
промовирање на нови европски образовни програми
чија главната задача беше унапредување на образовен
ситем и помагање на младите да стигнат до европско
образование.
Задача
- Дизајн на корпоративен идентитет;
- Лого дизајн;
- Дизајн на корпоративни и промотивни материјали;
- Изработка на ТВ и радио реклами;
- Дизајн и програмирање на веб страни со сопствено
одржување и ажурирање на содржини (CMS).
Решение
Во сите процеси во развојот на корпоративниот
идентитет на оваа агенција внесовме енергија на
млади и амбициозни луѓе. Се обидовме со сите наши
решенија да ги доближиме европските образовни
програми преку вниматено одбрани фотографии и
бои до младата популација. Верувавме дека со
насмеани млади луѓе ќе покажеме дека определбата
за надоградување на сопственото образование преку
бирање на европски програми може да биде
уникатно и среќно искуство што се случува еднаш во
животот со што се одредува и сопствената иднина.
Во исто време внимававме секој дизајн за различните
образовни програми да носат идентичен
корпоративен имиџ но и јасно да бидат одделени за
полесно препознавање. И во овој случај веб
страните што ги дизајниравме и програмиравме имаа
главна задача да бидат модерни и функционални со
лесен пристап до сите содржини.