Предмет
Мала бутик винарија чиј капацитет на производство на
вина е мал но затоа квалитетот на вината кои се
произведуваат е огромен. Новите вина од барик
програмата бараа нови, свежи и модерни етикети,
сетоа тоа проследено со нова и модерна корпоративна
веб страна
Задача
- Дизајн на етикета за Cabernet Sauvignon barrique 2007;
- Дизајн на етикета за Chardonnay barrique 2007;
- Дизајн на етикета за Alsar barrique 2008;
- Дизајн на етикета за Sopot Rosso и Sopot bianco;
- Дизајн на корпоративна брошура;
- Дизајн, програмирање и хостирање на веб страна;
- Изработка на 3D модели и рендер на амбалажа за
вино.
The Solution
Дизајнот на етикета за вино бара следење на неколку
параметри. Најпрво преку визуелниот концепт да се
прикаже потеклото и сортата на виновата лоза.
Потоа да се прикаже и вкусот и аромата кои со себе
ги носи виното. На крајот етикетата треба да биде
отсликување и на љубовта внесена во секоја капка.
Уникатноста на македонскиот рубин ни ја даде
идејата при дизајнот на моќниот Алшар, дабовите
буриња графички исликани во различни модерни бои
ни беа симбол на екплозијата на различни вкусови и
ароми во Chardonnay barrique 2007. Дизајнот за
единствениот Cabernet Sauvignon barrique 2007
имаше за задача да ја отсликува ексклузивноста на
ова вино. Спојот на фантастичното вино и убавиот
дизајн му донесе кралски трофеј на Royal Wine
Challenge Prague 2010. Малите во димензија но
големи во вкусот Sopot Rosso и Sopot Bianco добија
нова и модерна етикета прилагодена по вкусот на
младите и модерни потрошувачи. Преку
корпоративната брошура и веб страна ја следевме и
понатаму енергијата која владее во оваа винарија,
љубов во секоја капка македонско и уникатно вино.