Предмет
Овој бизнис центар веќе неколку години постои во
Скопје. Припаѓа на неколкуте бизнис центри од "А"
класа. Со преубавата локација, архитектура и
поволности кои ги нуди на потенцијалните клиенти е
меѓу бизнис центрите со најдобар потенцијал за иден
равој на микро и макро бизниси во Македонија.
Задача
- Дизајн на ново корпоративно лого;
- Дизајн на корпоративна брошура;
- Дизајн програмирање и хостинг на веб страна.
Решение
Synergy, или работиме заедно, ни го даде правецот
на креирање на корпоративниот идентитет. Преку
логото, корпоративната брошура јасно ставаме до
знаење на потенцијалните клиенти дека бизнис
центарот работи со една цел, брз и рапиден развој
на нивниот бизнис.
Со фотографии, техничките спецификации и
карактеристиките на објектот имплементирани во
дизјанот на брошурата и веб страната информираме
за сите елементи на бизнис центарот и сите
поволности кои можат да се очекуваат. Точни
цртежи на сите катови одделно со преглед на
флексибилноста на истите даваат јасен приказ на
можностите.