Предмет
Флуиди е компанија од Република Косово со долга
традиција во производство и пакување на пијалоци.
И таа е дел од клиентите кои соработуваат со нас
уште од почетокот на нашето постоење. Во
долгогодишната соработка успеавме да креираме
нови и модерни дизајни на неколку амбалажи за
безалкохолни и енергетски пијалоци.
Задача
- Дизајн на шишиња (1L пластика и 250ml стакло);
- Дизајн на лого за енергетски пијалок Double Force;
- Дизајн на етикети и лименка на енергетски пијалок
Double Force.
Решение
Многу јасно и едноставно, дизајнот за амбалажата
секогаш треба да биде модерен и пред се
функционален. Такви се и дизајните за шишињата на
Jaffa Champion.
Внимателно го работевме секој детал, изработивме
целосен технички цртеж и реален објект од глина.
На крајот 3Д моделот даде јасна слика за целиот
производ.
Дизајнот на логото и изгледот на лименката за
енергетскиот пијалок Double Force ја отсликува моќта
на пијалокот. Одбраните бои и модерната лименка го
прави овој производ уникатен на косовскиот пазар.