Предмет
Македонското здружение на млади правници во Р. М.
е младо и амбициозно здружение кое дава бесплатна
правна помош за жртвите на дискриминацијата во
Република Македонија. Потребно беше секој граѓанин
кој се почуствувал дискриминиран по било која основа
да дознае дека во Македонија постои здружение кое му
нуди бесплатна помош во борбата со институциите кои
што дискриминираат.
Задача
- Дизајн на информативен леток;
- ТВ и радио реклама за кампањата "Општество без
етикети" борба против дискриминацијата во Р.М.
Решение
Секогаш кога со нашите решенија допринесуваме до
подобро општество, работењето на истите
претставува посебно задоволство. Така и во овој
случај. Преку дизајнот сакавме на многу едноставен
начин да му покажеме на обичниот граѓанин дека
ниту еден човек не заслужува етикетирање.
Живееме во модерно демократско општество во кое
место за дискриминација нема. Преку примерите за
дискриминација по расна, национална, сексуална,
верска и друга основа јасно и сликовито прикажавме
против што здружението се бори.