Предмет
Прекрасен хотел со долга традиција. Идеална
локација во Струга на самиот брег на Охриското
езеро. Нов менаџмент со амбиција да го промени во
целост корпоративниот имиџ на хотелот пред
домашните и странски туристи.
Задача
- Дизајн на ново корпоративно лого;
- Дизајн на корпоративна брошура;
- Дизајн на принт огласи;
- Дизајн и програмирање и хостинг на веб страна.
Решение
Корпоративниот идентитет е многу значаен посебно
кога станува збор за хотел со долга традиција.
Хотел Бисер до тој момент немаше дефиниран
корпоративен идентитет и покрај тоа што долги
години опстојува на пазарот. Со нашиот дизајн на
лого го дефиниравме истото и ни даде правец на
креирање на останатите корпоративни материјали.
Со дизајнот на веб страната не сакавме само да го
претставиме хотелот, туку да ги запознаеме потенци-
јалните туристи со убавините на Струшкиот и
Охридскиот регион. Со преубави и одбрани фотогра-
фии и кратки текстови за она што да очекуваат
предизвикуваме љубопитност и желба за
истражување и нови авантури.